Во последниот период сè поголем број улични кучиња, од кои дел се агресивни, внесуваат страв кај минувачите – особено кај децата.
Кучињата се забележани во и околу училиштето „Малина Поп Иванова“, токму на местото каде пред извесно време веќе имаше случај на искасано дете.
Сепак, проблемот и понатаму останува нерешен, а реакција или ефикасно решение од страна на Општината сè уште нема.
Време е институциите експресно да преземат мерки – за безбедноста на нашите најмлади и сите граѓани.


