По нашата објава и укажување за вистинската „џунгла“ во речното корито, од која често искачаа и змии и се создаваше опасност за минувачите, надлежните конечно реагираа – иако со задоцнување.
Сепак, медиумската критика покажа дека има ефект!
Израснатите дрвја и густите грмушки на ѕидовите се отстранети, со што се подобри изгледот и безбедноста на просторот.
Оваа реакција е за поздравување, и се надеваме дека ќе стане пракса навремено да се реагира при вакви состојби – за почист, побезбеден и поубав Кочани!


