Во рамките на проектот „Поврзување на локални патишта – P170267“ со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани и ОУ „Никола Карев“ спроведоа кампања за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Учениците учествуваа во едукативни работилници, гледаа видеа, делеа летоци и практично вежбаа безбедно движење и преминување преку пешачки премини.
Но, и покрај ваквите активности, реалноста во Кочани е загрижувачка – безбедноста на пешаците е на многу ниско ниво. На фотографии од терен се гледа како возила се паркираат директно на пешачки премини, што претставува сериозен ризик, особено за најмладите.
Време е институциите да реагираат одговорно и да се преземат конкретни мерки – поставување соодветна сообраќајна опрема и физички пречки за да се спречи ваквото однесување и да се обезбеди поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

