Езерото Градче вчера беше порибено со 200 килограми крап, набавени и пуштени од репроцентарот „Акватика“ – Неготино.
Поради адаптацијата на рибите, риболовот е забранет до петок, додека од сабота ќе биде повторно дозволен.
Меѓутоа, дел од рибарите изразија незадоволство, бидејќи сопственикот на хотелот „Градче“ не дозволува риболов и движење во близина на објектот, а возилата на неколку рибари добија опомена бидејќи биле паркирани на приватен имот.
Овој потег повторно ја отвори дебатата околу пристапот до брегот на езерото и правото на користење на јавните простори од страна на граѓаните.


