Донираната хипербарична комора од „Support Кочани“, вредна донација која требаше да спаси животи и да помогне на тешко повредените деца – сè уште стои неискористена во Општата болница Кочани.
Иако постојат обучени лица кои беа испратени и успешно се вратија со сертификат за ракување со комората, институциите повторно молчат.
Наместо да се стави во функција, граѓаните добија скандалозна изјава од министерот за здравство, кој тврдеше дека комората била „мала и неупотреблива“.
Ако е „неупотреблива“, зошто тогаш беа испратени кадри на обука? И до кога ќе се игнорира фактот дека Кочани има современа опрема која може да спасува животи – особено по трагедијата во дискотеката „Пулс“, кога беше очигледна потребата од ваков третман?
Ова е уште еден пример на неспособност, игноранција и потценување на донациите од локалната заедница. Наместо благодарност и функционалност, имаме затворена врата и молк од надлежните.
Време е институциите да одговорат – зошто хипербаричната комора не работи и кој сноси одговорност?
Еве ја објавата во целост од приемот на хипербраничната комора:


