Граѓаните сè почесто реагираат дека Општата болница Кочани, и покрај тоа што во изминатиот период доби неколку целосно опремени возила донирани од општествено одговорни компании, сè уште на интервенции заминува со распаднати и застарени возила кои не нудат безбедни услови за пациентите и медицинскиот персонал.
Новите донациски возила стојат негаражирани и неискористени, со што установата покажува целосна небрежност и негрижа кон донациите кои треба да бидат во служба на граѓаните.
Дополнително, често може да се забележи дека новите возила стојат паркирани по неколку часа на градските паркинзи, а граѓаните сведочат дека се користат и за приватни потреби, наместо да бидат постојано во функција на итните случаи.
Зошто не се користат новите, современо опремени возила за интервенции? Ова прашање со право ги загрижува сите жители, бидејќи станува збор за животи кои зависат од секунда и од исправни и опремени возила.
Наместо нови опремени возила на терен, гледаме само фото сесии од одговорните лица.






