Иако денеска е изборен молк, кога е строго забранета секаква политичка пропаганда, низ Кочани сè уште може да се видат плакати и билборди од кандидатите.
Со тоа, се прекршува Изборниот законик, поточно член 76-д, каде што јасно е наведено:
„За време на изборниот молк не е дозволено да се емитуваат политички програми, платени политички реклами, да се поставуваат плакати, билборди или друг вид политичко рекламирање, ниту јавно да се повикува да се гласа за одреден кандидат или партија.“
Присуството на изборни плакати и билборди во Кочани претставува директно кршење на законот и неисполнување на обврските од страна на надлежните институции.
Ова уште еднаш покажува дека законите важат само на хартија, а нивното спроведување е селективно — токму во ден кога треба да преовлада мир, објективност и почит кон изборниот процес.
Апел до институциите: Реагирајте и обезбедете еднакви услови за сите учесници во изборниот процес.
Законот мора да важи за сите – без исклучок.




