За време на денешниот „Марш на ангелите“, дошло до инцидент во една локална пицерија. Според првичните информации, настанот се случил во текот на маршот, кога група граѓани реагирале на присуство на поранешниот градоначалник Ратко Димитровски кој е еден од осомничените за пожарот во „Пулс“ – и сегашен кандидат за градоначалник , заедно со неколку други лица.
По кратка вербална расправија, ситуацијата се смирила, а Ратко Димитровски и кандидатот за градоначалник веднаш го напуштиле местото.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од настанот, повеќе детали после завршување на изборниот молк.

Сликата е превземена од порталот инфомакс, таму може да ги погледнете сите детали.
