Културата е срцето на секоја заедница — таа нè поврзува, нè инспирира и нè потсетува на заедничките вредности.Водени од таа идеја, Europe House @ Kocani ја продолжува својата есенска културна и едукативна програма во Кочани.
По успешната септемвриска програма исполнета со младински активности, овој октомври, во соработка со Домот на култура „Бели Мугри“ и #SupportKocani, Кочани ќе биде домаќин на три театарски претстави што ќе го збогатат културниот живот во градот:
🎬 25 октомври – 20:00„Синиот портокал“ – Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles
🧺 27 октомври – 13:00„Црвенкапа“ – Teatar za deca i mladinci – Skopje
🌟 29 октомври – 20:00„Сите прекрасни нешта“ – Народен Театар Штип
📍 Дом на култура „Бели Мугри“ – Кочани
🎟️ Влезот е бесплатен

