Новото сообраќајно решение во центарот на градот делумно ќе го олесни сообраќајниот метеж, но не ги решава клучните проблеми. Главниот предизвик останува истиот – кружните текови немаат подеднаков проток на возила од сите насоки, што повторно ќе предизвикува застои и гужви во најоптоварените делови.
Дополнителен проблем е новото предвидено паркирање покрај тревникот, што во пракса ќе значи возила паркирани по зелените површини, уништени тревници и пешаци кои ќе мора да се движат низ коловозот. Со тоа, наместо подобрување, ќе се создаде хаос и намалена безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Апелираме паркирањето да остане од истата страна како и досега, бидејќи предложеното решение е во спротивност со реалната состојба на терен и со безбедното движење на пешаците.
Градот има потреба од стратешко и стручно сообраќајно решение, не од експерименти кои ќе донесат нови проблеми. Вистинскиот напредок доаѓа со план кој ја почитува логиката на просторот, навиките на граѓаните и безбедноста на сите.
За жал, нестручноста наместо решенија создава само дополнителни проблеми, а последиците повторно ги чувствуваат граѓаните.




