Низа реакции од граѓаните пристигнуваат откако ноќеска била забележана непозната жена како ги кине некролозите поставени во центарот на градот.
Засега не се познати причините за ваквото однесување, ниту пак дали лицето постапувало по нечија наредба или на своја иницијатива.
Овој чин предизвика гнев и револт кај граѓаните, кои бараат институциите да утврдат кој стои зад ваквото недолично и нечесно однесување, особено затоа што станува збор за симболи на болка и почит кон трагично загинатите млади животи.

