Голем сообраќаен хаос попладнево во центарот на градот – кружните текови се целосно блокирани, а возилата стојат со минути без да се помрднат.
Повторно се покажа дека кружните текови немаат подеднаков проток на возила од сите насоки, што доведува до потполна блокада на сообраќајот.
Возачите се револтирани и нервозни, некои свират и се обидуваат да се пробијат низ застојот, додека полицијата никаде ја нема — ниту регулира, ниту реагира.
Граѓаните бараат итна реакција и промени во сообраќајното решение кое, наместо да ја олесни сообраќајната слика, создава дополнителен хаос во градот.

