Граѓаните реагираат дека делницата од кружниот тек кај двојниот мост до кружниот тек во стришани е целосно во мрак, без улично осветлување, проблемот станува секојдневен.
Со тоа сериозно е загрозена безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на децата кои се враќаат од училиште и секојдневно се движат по овој мрак.
Апел до надлежните институции — итно да се санира осветлувањето пред да се случи несреќа. Граѓаните бараат конкретна реакција, а не игнорирање на проблем кој директно ја загрозува јавната безбедност.

