Поминаа две недели откако родителите на загинатите од дискотеката Пулс поднесоа Барање до Кривичниот суд и обвинителството за определување на построги мерки на претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, еден од 34-та обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, бидејќи, како што велат, постоечките ги прекршил со средбата во кафеана со кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО ДПМНЕ, Владко Грозданов, кој во предметот е во својство на оштетен како татко на дете со тешки телесни повреди од пожарот.
Обвинетиот Ратко Димитровски има активна мерка „Забрана за приближување или воспоставување на контакт со лице кое се јавува во својство на оштетен“.

