За Задушница, на гробовите да се носи само пченица и вино додека приготвената храна за покојните да се додели на гладни и сиромашни. Погрешно е да се толкува дека нашите упокоени имаат потреба од храна и пиење. Тоа е искривено сфаќање на реалноста на царството небесно .
„Во Царството небесно на нашите упокоени ништо не им недостасува бидејки Царството божјо е радост во гледањето во лицето божјо. Ако сакате онаа храна што сте ја подготвиле од љубов кон нашите покојни, да заврши таму каде што треба на гладните и сиромашните. Местото не е на гробовите. Ако веќе се собираме на гробовите, таму треба да се помолиме и да му заблагодариме на Бога и со љубов да се сеќаваме на нашите упокоени. Се друго е излишно и ја срамиме нашата вера“ – кажа г.Јаков.

