денес
Денес во Нови Сад се одбележува годишнината од трагедијата во која загинаа 16 луѓе при уривање на настрешница.
Граѓаните таму не молчат — стотици илјади протестираат против корупцијата и неказнивоста.
Најсилната порака:
Граѓани од други градови тргнаа пеш и над 300 километри — за да стигнат во Нови Сад и да оддадат почит. Тоа е народ кој се бори за правда, со солзи, но исправен.
💔 Кочани и Нови Сад денес ги поврзува истата болка.
Истите виновници:
– корупција
– политичка неодговорност
– распаднат систем
– игнорирање на безбедноста на младите
Кај нас – 63 починати, над 200 повредени, десетици деца со трајни последици…
И никој не понесе одговорност.
Ниту министер, ниту директор, ниту началник.
Народот ни го замолкнаа со страв, притисоци и политички поделби.
Станавме општество во кое емпатијата и хуманоста се казна, а молкот — задолжителен.
Не смееме да дозволиме трагедијата да се заборави.
Правдата не е политика — таа е обврска!

