Во Кочани се менува сообраќајниот режим – но ако навистина сакаме ред и безбедност, мора да се применат европските стандарди за ширина на коловозите во еднонасочни улици.
Во модерните европски градови една сообраќајна лента е широка 2.8 до 3.6 метри, поголема ширина не е потребна и е опасна, бидејќи дозволува преголема брзина, поттикнува диво паркирање, го зголемува ризикот за пешаците.
А во Кочани?
Имаме еднонасочни улици широки над 10 метри, тоа значи повеќе хаос, повеќе ризик и помалку безбедност, поголем трошок при реконструкција.
Замислете дете да поминува пешачки премин долг 10 метри… секој чекор е потенцијална опасност.
Европската логика е јасна потесни ленти побезбеден сообраќај, улици наменети за сите.
Нестручноста наместо решенија ни носи уште поголеми проблеми.

