Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани се вклучи како поддршка во реализација на тактичко – показната вежба за симулирано гаснење на пожар и презентирање на техники по прва помош во Детската градинка „Бисерчиња“ во Зрновци.
На симулациската вежба според замисленото сценарио се интервенираше на запален објект на градинката. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Кочани интервенираа на гасење на пожарот, додека обучени волонтери по прва помош на децата им презентираа техники на укажување на прва помош прилагодени за нивната возраст.
Тактичко – показната вежба беше оценета како успешна.



