Градоначалникот Влатко Грозданов повторно во друштво со лица обвинети за пожарот во дискотеката Пулс.
По фотографиите каде беше на иста маса со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, сега во јавноста излегува нова фотографија – Грозданов заедно со градежниот инспектор Николчо Гоцев, исто така обвинет за трагичниот пожар во Пулс.
Додека сè уште трае истрагата… Додека семејствата на жртвите бараат правда… Додека јавноста очекува одговорност и силни институции…
Ваквото однесување праќа опасна порака:
Зарем законот не важи подеднакво за сите?
Дали функцијата значи имунитет и блискост со осомничени, наместо гаранција за правда?
Грозданов е во улога на оштетено лице, но токму затоа мора да биде пример и да одржува професионска дистанца сè додека правосудниот процес не заврши.
Граѓаните на Кочани очекуваат, транспарентност, одлучна борба со корупцијата, институции што штитат, правда без исклучоци
Кочани мора да биде град каде одговорноста важи за сите – без разлика на функција, партија или позиција, општинските инспектори мора да бидат променети поради сите сомнежи на јавноста.

