Во самиот центар на Кочани се рушат стари куќи без никакви мерки за заштита од прашина. Густ облак се шири по улиците, прашината не е само „неудобство” таа содржи цемент, азбест, тешки метали, канцерогени честички, тоа е сериозен здраствен проблем го дишат пешаците, постарите лица, лицата со срцеви заболувања и астма, децата кои одат во училиште и сите кои живеат и работат околу.
Обврски на изведувачот е при рушење на објект фирмата мора да го полева со вода местото на рушење за да се намали прашината, да постави заштитна мрежа или бариери околу градилиштето, да обезбеди транспортот на шут да биде покриен и чист, да ги зачува пешачките и сообраќајните зони од загадување
Ако цел град е во прашина тоа значи дека фирмите не ги почитуват законските обврски, се се прекршуваат повеќе закони, Закон за животна средина, Закон за заштита од бучава и прашина при работа, Општински одлуки за урбанистичко уредување.
Зошто Општината и инспекциските служби молчат? Кој дозволи рушење без заштита?
Дали здравјето на граѓаните е помалку важно од нечии интереси?
Кочани заслужува контроли, ред и почитување на законите — а не да живее во прашина и негрижа.
Барамe веднаш да се преземат мерки!

