Последниве денови граѓаните алармираат дека на повеќе локации во Кочани се забележува неконтролирано, диво сечење на дрвја. Се уништува зеленилото кое ни е потребно за воздух, за живот и за иднината на нашите деца.
Реакциите се остри – многумина тврдат дека зад ова стојат лица поврзани со шумската полиција, кои со години работат во „шема“ со одредени групи.
Ако ова е точно – тогаш станува збор за организирана злоупотреба и криминал, а не за поединечни случаи.
Време е да се реагира!
Зеленилото не е ничија приватна сопственост. Тоа е на сите нас.
Да го заштитиме додека не е предоцна!




