Градот кој секогаш сме го нарекувале убав и зелен денес е далеку од таа слика. Некогаш најчист град во Македонија денес само диви депонии никнуваат на секој чекор, контејнерите често се преполнети, улиците не се мијат, а јавните површини се запоставени како никогаш досега.
Неопходно е итно да се воведе целосно нов план за одржување на хигиената во градот, со организирано собирање на отпадот во три смени, со секојдневно миење на улиците, со модерна механизација и професионален пристап кон чистотата.
Вака како што е сега, станавме град кој се дави во сопствениот отпад, а тоа не е ниту нормално, ниту прифатливо. Кочани заслужува ред и чистота на ниво што ќе ја врати гордоста кај граѓаните. Треба да се отстрани секоја дива депонија, да се воведе строга контрола за несовесните, и да се обезбеди ефикасна јавна служба што навистина работи за своите граѓани, а не само на хартија.
Овој град е нашиот дом и време е да го третираме како дом. Да го разубавиме, да го зачуваме и да создадеме средина што ќе ја оставиме на идните генерации без да се срамиме. Кочани мора повторно да блесне — чист, организиран и достоинствен, како вистински модерен европски град.




