На 08.11.2025 во 01:40 часот на ул. „Теодосиј Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода С.С. (32) од с. Оризари. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“, при што било констатирано дека С.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

