Групата Support Kocani денес објави дека ја завршила распределбата на донациските средства собрани за повредените од трагедијата во Пулс.
Вкупно 13̲7̲ лица кои потпишале изјава дека имаат потреба од финансиска поддршка, сите добија еднаква помош. Вкупната донација изнесува 10.944.793 денари, собрани преку хуманитарни акции во земјата и странство.
Но она што предизвикува огорченост кај граѓаните е фактот што државата наплатила околу 1 милион денари данок на овие донации — пари кои требаа целосно да одат кај настраданите.
Додека граѓаните покажуваат огромна човечност, државниот систем повторно покажа безчувствителност, земајќи дел од средствата наменети за оние што најмногу страдаат.
Благодарност до сите донатори и граѓани што помогнаа.
Хуманоста не смее да биде оданочена!

