Жителите на Кеј на Револуција, во непосредна близина на градскиот плоштад во Кочани, реагираат дека веќе трет ден по ред глутница кучиња скитници напаѓа случајни минувачи без никаква провокација.
Според сведоци, нападнато е дете кое си одело од училиште, а нападната е и повозрасна жена. Најчесто на мета се лица што се движат со велосипед или електричен тротинет, поради што стравот кај жителите расте секојдневно.
Граѓаните бараат итна интервенција од Општина Кочани и од надлежните служби, бидејќи бројот на агресивни кучиња низ градот постојано се зголемува, а реакциите доаѓаат само по инциденти.
Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет – пред да се случи некоја трагедија!
