И покрај тоа што долж реката во самиот центар се поставени „паметни уреди“ кои треба автоматски да детектираат проблеми со уличното осветлување, повеќе светилки не работат со денови.
Граѓаните реагираат дека никој од надлежните служби не се ангажира за решавање на проблемот, иако се работи за една од најфреквентните зони во градот.
Време е да се постави прашањето – дали навистина функционира „паметниот систем“, или само изгледа модерно на хартија?

