Градоначалникот изјави дека пазарот има големо значење за локалната економија, но граѓаните се прашуваат — како може хаотично и полулегално работење да се смета за економски добиток?
Пазарот денеска претставува извор на нелојална конкуренција за малите дуќанџии кои плаќаат даноци и ќирии, бидејќи на тезгите често се продава стока од препродавачи и текстил, наместо домашни производи. Ова ја уништува идејата за локален пазар и ја руши економијата што треба да го поддржува нашиот град.
Покрај тоа, пазарот создава огромен проблем со отпад депонии и расфрлан ѓубре секој четврток и сообраќаен хаос во самиот центар, што го загрозува и пристапот на службите за итна интервенција.
Дали безбедноста и јавниот ред не се приоритет?
Пазарот може и мора да биде место каде се продаваат само домашни производи, каде се поддржуваат локалните земјоделци и каде редот и хигиената се неприкосновени и само во затворениот дел од пазарот, не и по улиците.

