Во Кочани уште на првата седница на новиот Совет се случи пресврт што ги изненади многумина. Иако според бројките мнозинството го држеа независните листи и коалицијата предводена од СДСМ – вкупно 10 советници, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со ЗНАМ имаат 9, ситуацијата тргна во сосема поинаква насока.
Независните советници кои пред изборите гласно настапуваа против партиските структури, особено против ВМРО-ДПМНЕ, само за еден ден ја променија својата позиција. Со своите гласови помогнаа да се избере претседател на Советот од токму таа партија.
Овој потег предизвика шок кај нивните поддржувачи – луѓе кои гласаа за нив токму затоа што се претставуваа како „алтернатива“, „глас на народот“ и „антипартиски избор“.
Што се смени преку ноќ?
Останува голема мистерија: Што ги натера независните советници одеднаш да се приклонат кон ВМРО-ДПМНЕ? Која е причината да гласат спротивно на она што го ветија пред граѓаните? Дали постои политички договор во позадина?
Граѓаните бараат јасни одговори, бидејќи сметаат дека волјата на гласачите е изиграна. Поддржувачите на независните листи велат дека се чувствуваат излажани и разочарани – за само еден ден, нивниот „независен“ избор се претвори во нова коалиција со истите структури против кои се бореа.
Време е за транспарентност
Советниците мора јавно да објаснат:
Што точно се случи зад затворени врати и зошто ја сменија позицијата?
Граѓаните на Кочани заслужуваат одговор, почит и искреност. Без тоа – довербата во независните претставници ќе остане сериозно нарушена.

