Граѓаните веќе две недели реагираат дека уличното осветлување покрај реката, во самиот центар на Кочани, не функционира. И покрај наша објава и очекувањата за брза интервенција, проблемот останува нерешен.
Ваквиот однос кон еден од најфреквентните делови од градот е недозволив. Центарот мора да биде пример за ред, безбедност и функционалност.
Ако сакаме да одиме напред, мора да има брзи реакции, редовно одржување и вистинска грижа за јавниот простор.
Граѓаните заслужуваат осветлен, безбеден и уреден град. Без оправдувања.



