СВР Штип веќе постапува по пријави за закани и говор на омраза на лица од кочанско.
„Заканите и навредите насочени кон семејствата кои изгубиле најблиски се сериозен напад врз достоинството и психичката стабилност на жртвите.“ – изјавија од СВР Штип
Во последните денови се забележува загрижувачки пораст на закани, навреди и говор на омраза насочени кон родителите на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“.
Стручните лица предупредуваат дека ваквото однесување има директни последици врз нивното психичко здравје, но и врз сите кои сè уште се носат со траумата од случувањето.
Во моменти кога семејствата се обидуваат да ја пребродат најголемата болка, омразата само продлабочува рани и создава дополнителна дестабилизација во заедницата.
Апелираме:
• Не ширете говор на омраза, навреди и закани.
• Секој ваков случај веднаш пријавете го до надлежните институции.
• Поддржете ги семејствата кои преживуваат незамислива болка – тоа им е најпотребно.
Нашето општество треба да покаже ѕид од поддршка, солидарност и човечност, а не напади кон тие што најмногу страдаат, ова не е само нивна болка, ова е и наша болка и наш пораз како држава. Само така сплотено можеме да ја сочуваме заедницата и да спречиме нови трауми.

