Уште 11 лица, службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Дел од лицата се уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за разни кривични дела, од злоупотреба на службена положба, примање поткуп, до фалисификување исправи.
Уапсени се:
Д.П. од Штип – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ќе се бара притвор; службеник во УЈП Штип; лишен од слобода.
Д.Д. – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Примање награда за противзаконито влијание“ (чл. 359) – ќе се бара притвор; УЈП Штип; лишен од слобода.
М.Ј. – „Давање поткуп“ (чл. 358) и „Давање награда за противзаконито влијание“ (чл. 358-а) – поврзан со „Пулс“ Кочани.
Д.Ч. – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Гевгелија.
А.Ч. – „Злоупотреба на службената положба“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ (чл. 361) – УЈП Струмица; живее во Гевгелија; лишен од слобода.
А.К. – истите дела, службеник во УЈП Струмица; живее во Струмица; лишен од слобода.
А.Ч. – „Злоупотреба на службена положба“ и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Валандово.
Н.Т. – „Злоупотреба на службена положба“ (чл. 353) – УЈП Штип; живее во Штип; лишена од слобода.
А. К. – истото кривично дело – УЈП Штип; живее во Штип; лишен од слобода.
В.К. – „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ДПИ; живее во Кочани.
Д.Ј. – „Фалсификување исправа“ (чл. 378 став 4) – поврзан со „Пулс“ Кочани.
Истрагата за најтешката трагедија во поновата историја на државата продолжува да се продлабочува, а МВР и обвинителството најавуваат дека ќе бидат опфатени сите што придонеле за незаконското работење на објектот и прекршувањето на процедурите што довеле до катастрофалниот пожар.

