Црвен крст на Р. С. Македонија и Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска во Кочани отворија Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка.
Во присуство на генералниот секретар на Црвен крст на Р.С. Македонија, г-дин. Саит Саити, министерот за здравство, г-дин Азир Алиу, градоначалникот на Кочани, г-дин Владко Грозданов, претседателот на Црвен крст Кочани, Дејан Арсов и останати гости свечено беше пуштен во употреба, објект што ќе биде на располагање на граѓаните на Кочани и регионот.
На површина од 65 м2, уредени се простории за индивидуални и групни психолошки сесии, ангажирани се стручни лица за професионална психо-социјална поддршка, програма за изведување на активности наменета за граѓани на Кочани и регионот.
На настанот секретарот на Црвен крст Кочани, м-р Анета Коцева презентираше дел од активностите на Црвениот крст на локално ниво во делот на психолошката поддршка за време на трагичниот настан од 16 март 2025 г. и деновите потоа. Притоа, беа доделени благодарници на психолози кои се вкучија во активна психолошка поддршка на населението.
Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка ќе работи во склоп на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани.

