Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога.
Македонија сè уште е на листата на земји со повисоки стапки на пушење во регионот. Анализите покажуваат алармантни податоци – 40 проценти од младите до 18 години пушат, а најфрапантно е што децата веќе на 13 годишна возраст посегнуваат по цигарите.
Најважно е едукацијата и превенцијата да почнуваат од многу рана возраст. Од рано да ги едуцираме младите дека генерално пушењето е штетно и да развиваат позитивни навики.
Според статистиките на Институтот за јавно здравје, 45,4% од граѓаните се активни пушачи. Тоа е значително повеќе од регионот за Европа кој изнесува 25 проценти.
Проблем е и тоа што не се почитува законската регулатива и на младите под 18 години им се продаваат цигари.

