Граѓаните сè погласно реагираат дека на многу улици низ Кочани речиси сите решетки за атмосферска канализација се целосно затнати – со години не се исчистени, полни се со земја, лисја и отпад, а последните пообилни дождови повторно донесоа хаос низ градот со поплавени улици и тротоари.
Овој период е дождлив, а ваквите проблеми се очекувани ако нема редовно одржување. Јавното претпријатие има обврска да ги исчисти сите атмосферски шахти и решетки и тоа да стане дел од континуирана, а не повремена активност.
Граѓаните бараат итна интервенција и трајно решение – за град што сака да биде модерен, вакви основни пропусти не смеат да се игнорираат.

