Судењето за пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани се одложи. Одбраната приговараше поради хаотични документи и „ново обвинение“. Семејствата бараат правда.
Судијката Дијана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет во процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“, го отповика рочиштето закажано за утре и го закажа следното на 2 декември. Причината е што дел од обвинетите не го добиле интегрираното обвинение и не можат да се произнесат за вина, ниту нивните адвокати да дадат воведни зборови. Дополнителна причина за одложувањето е недоставувањето имиња и адреси на законските застапници на дел од оштетените.
„Мора да има правда за нашите убиени деца. Никогаш не треба да ги заборавиме овие деца, ако сакаме да имаме држава. Овие деца заслужуваат правда“, изјави Јулија Златкова, мајка на Томас Златков, кој загина во трагедијата во „Пулс“.

