Помина повеќе од еден месец од изгласувањето на промената на сообраќајниот режим во Кочани — мерка која требаше да овозможи подобар проток на возилата и да го намали секојдневниот метеж, особено во најоптоварените градски точки.
Со оглед на тоа дека ова беше најавено како едно од побрзите и поефективни решенија за подобрување на урбаниот сообраќај, јавноста очекува конкретни информации и транспарентност од надлежните.
Време е општината да даде јасна временска рамка и отчет за статусот, за да знаат граѓаните што следува и кога навистина ќе ги почувствуваме најавените подобрувања.

