Многу градови по трагедијата започнаа со уривање на диво изградените тераси, дрвени доградби и конструкции со сомнителни инсталации и лесно запалливи материјали, узурпурани тротоари од локални трафики и тезги на пиљари, диви гаражи и проширени дворови до самите улици и слично.
Виница веќе ги урна, Струмица беше прва што покажа како се постапува, а деновиве и повеќе општини во град Скопје започна со акција за отстранување на нелегалните објекти.
А што се случува во Кочани?
Градот кој треба да биде пример после големата трагедија со решенија и опомени за повеќе објекти и за стотици куќи кои имаат отстапувања, општината сè уште нема слух да постапи.
Граѓаните со право прашуваат — ќе бидеме ли конечно сите еднакви пред законот? Зошто во други градови може, а во Кочани и понатаму владее молк? Законот мора да важи подеднакво за сите, без исклучок. Без тоа, нема ниту безбедност, ниту ред, ниту фер општество.

