Поради обилните врнежи кои без прекин траат со денови, сè повеќе села се под сериозен ризик од поплави. Нивото на реките е значително покачено, а браната „Градче“ и браната „Калиманци“ се речиси исполнети и на сам праг на прелевање.
Од КЈП „Водовод“ информираат дека постојано интервенираат на критичните точки, но апелираат до жителите на руралните средини да ги исчистат одводните канали околу своите домови. Голем дел од нив се целосно затнати со разновиден отпад кој самите жители го исфрлиле – што дополнително го зголемува ризикот од поплави и штети.
Потребна е поголема свест и превенција:
✔️ Редовно чистење на одводни канали
✔️ Избегнување фрлање отпад во речни корита и канали
✔️ Внимателно следење на состојбата на терен
Надлежните служби се на терен, но и одговорноста на жителите е клучна за да се избегнат поголеми штети и опасности во наредните денови.

