Од утрината сите надлежни екипи се на терен поради проблемите предизвикани од поплавените подруми на ул. “Кеј на револуција”.
Екипите на Територијалната противпожарна единица неколку пати интервенираа со испумпување на водата од поплавените подруми и пристапни простории. КЈП „Водовод“ детектира можен дефект – можна пукната цевка што дополнително го влоши состојбата, па нивните технички служби интензивно работат на лоцирање и отстранување на проблемот.
По деталните проверки од страна на ЕВН, електричната енергија беше вклучена, но поради повторната појава на вода моментално е исклучен доводот на вода, сè до целосно решавање на дефектот. Над 300 корисници вечерва беа без електрична енергија.
Голема благодарност до сите институции кои од изминатата ноќ неуморно работат на терен за нормализирање на ситуацијата.


