Паркинг службата во Кочани со години не дава никакви резултати. Првично беше воведен системот за наплата со цел да се зголеми бројот на слободни паркинг-места и да се воспостави ред, но граѓаните добија само проблеми.
Броевите за наплата делумно не функционираат, компаниите наплатуваат и услугата за испратен смс. Дополнително, вработените речиси и да не може да се најдат на терен — повеќето време се во локалните дуќани, по што следува ставање блокатори и граѓаните се доведуваат во непријатна ситуација.
Единствена „придобивка“ од ова претпријатие имаат директорот и неколку вработени кои земаат плата, а резултати нема. Најкритично, пешачките премини и тротоарите се преполни со непрописно паркирани возила, а токму тоа требаше да биде нивна главна обврска.
Улиците се изградени со средства на граѓаните, за кои дополнително се плаќа и при регистрација на самите возила. Наплатата на паркирањето, во ваква форма, служи само за партиски вработувања и задоволување на партиски интереси.
Време е со новиот сообраќаен режим ова претпријатие конечно да се укине и да се воспостави ефикасен, модерен и функционален систем кој навистина ќе служи на граѓаните, а не обратно.

