Во Градскиот парк во Кочани се одржа предновогодишна забава со омилените детски ликови Биби и Боби. На настанот присуствуваа деца и родители, кои уживаа во веселата програма и празничната магија.
Со смеа, забава и позитивна енергија, Градскиот парк во Кочани го исполни убава, претпразнична атмосфера, носејќи радост и новогодишно расположение кај најмладите и нивните семејства.

