Локалната власт мора сериозно да изврши притисок врз централната власт и Министерството за образование за отворање нов факултет во Кочани. Голем број семејства не се во можност финансиски да им овозможат на своите деца студирање во други градови, а образованието е најважната инвестиција во иднината.
Факултетот нема само да ги задржи младите во Кочани, туку ќе привлече студенти и од соседните општини и рурални средини. Со тоа ќе се оживее градот, ќе се зајакне локалната економија и ќе добијат нов импулс малите бизниси.
Кочани се празни, младите си заминуваат, а решението постои. Потребна е визија, иницијатива и храброст од локално ниво за вистински развој и за иднина во која младите ќе остануваат.

