Граѓаните реагираат дека патот кон Пониква не е целосно исчистен и дека движењето е отежнато, особено на потегот пред туристичкиот центар.
Апелираме до надлежните служби редовно да го одржуваат патот и да овозможат непречен пристап до нашиот зимски бисер.
До сите возачи упатуваме апел задолжително да користат зимска опрема и да возат внимателно, со прилагодена брзина на условите на патот.


