Поројните дождови кои интензивно врнеа во текот на ноќта доведоа до значително зголемување на нивото на водата во браните и реките.
Како последица на тоа, Кочанска Река се излеа од своето корито, при што се поплавени повеќе бавчи, ниви и дворови.
Засега нема информации за поплавени куќи ниту за поголеми материјални штети.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност.




