Кружниот тек кај двојниот мост денес не ја исполнува својата функција и секојдневно создава сообраќаен метеж и небезбедни ситуации. Причината е јасна: според проектната документација, кружниот тек бил предвиден да биде голем и да се протега над коритото на Кочанска Река. Во таа форма, решението било технички исправно, функционално и професионално испланирано, со правилно поврзување на повеќе булевари.
За жал, проектот никогаш не бил реализиран како што бил замислен. Наместо целосна и смислена реализација, добивме половично решение кое денес создава повеќе проблеми отколку придобивки, поврзување на булевар во една лента.
Затоа апелираме: наместо изградба на нови, скапи и потенцијално нефункционални мостови, да се инвестира токму овде – во доработка и целосна реализација на веќе постоечкиот проект кој има логика, смисла и реален ефект врз сообраќајот во градот. Ова е решение што навистина може да го подобри поврзувањето и протокот, доколку се направи како што треба.
Вака изгледа сегашната реализација:

Вака е предвидено во проектната документација:

