Полициската станица во Кочани доби едно од новонабавените возила од марката „Пежо 408“, иако покрива голем дел од околните општини и бројни села. Во секојдневното работење, полицијата сè уште користи застарени возила кои често се неисправни, што директно влијае врз ефикасноста и безбедноста при интервенции.
Дополнително загрижува фактот што во одредени ситуации се користат и цивилни возила кои делумно не ги исполнуваат законските услови, вклучително и целосно затемнети фолии на предни стакла. За институција која треба да биде пример за почитување на законите, ова отвора сериозни прашања.
Безбедноста не смее да се решава симболично. Потребна е системска поддршка, соодветна опрема и возен парк кој одговара на реалните потреби на терен.

