Пратениците во Собранието во изминатата година потрошиле вкупно 14,4 милиони денари за патни трошоци. Од Кочани, единствениот пратеник Миле Лефков пријавил патни трошоци во износ од 304.632 денари или 25.386 денари месечно само за патни трошоци.
Дополнително, дел од пратениците добиваат и надомест за закупнина на стан, а има случаи каде истовремено се користат и патни трошоци и средства за изнајмување стан, што отвора сериозни прашања за оправданоста на ваквите исплати.
Дали овие суми се навистина оправдани?
Дали средствата можеле да се искористат за поважни потреби – образование, здравство, инфраструктура или директна помош за граѓаните?
Транспарентноста и одговорноста не смеат да бидат само зборови, туку обврска кон сите што ги полнат овие буџети.
За споредба законот за патни трошоци за работниците не помина во собрание, работникот нема надоместок ниту за превоз ниту за хранарина. Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома. Ова отвара прашање со минимална плата како да се покријат сите трошоци, додека пратениците се луксузират?

