Граѓаните повторно реагираат на нефункционалното улично осветлување на ул. Маршал Тито, на потегот од Градскиот плоштад до мостот кај Трговскиот центар.
Се поставува прашањето дали повторно станува збор за кражба на кабли, како во претходниот случај, или за друг технички дефект. Како и да е, надлежните служби имаат обврска во најкраток можен рок да го лоцираат проблемот и да го санираат, со цел да се обезбеди безбедност и нормално движење на граѓаните.


