Граѓаните сè почесто реагираат дека вработените во КЈП „Водовод“, односно уличните метачи, не ја извршуваат работата за која се платени. Улиците не се чистат целосно, а во последниот период е забележана особено загрижувачка пракса – отпадот наместо да се отстрани, се мета во тревниците и во решетките за атмосферска канализација, исто така вработените не користат содветна рефлектирачка и работна опрема.
Ова однесување е крајно несериозно и непрофесионално, со директни последици врз хигиената, животната средина и одводниот систем на градот. Граѓаните бараат итна промена на начинот на одржување на јавната чистота, со воведување машинско чистење наместо импровизирано метење со гранки и со подобра организација на работната сила.
Дополнително, се поставува и прашањето за работното време на уличните метачи и начинот на кој се вработени истите. Во други држави тие се присутни и видливи во текот на целиот ден, додека кај нас, како што велат граѓаните, „ако имате среќа, ќе ги видите најдоцна до 8 часот наутро“.
Со право се поставува прашањето: колку трае нивното работно време и дали има реален надзор над нивната работа?

