Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.
Со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 е 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 – 2,32 милиона евра.
По уплатата ќе може да се издаде одобрението, а компанијата може да стартува со работа теоретски веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постоечките оператори до изградба на своја инфраструктура.
Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

